Приведени две лица од Куманово, пронајдена марихуана и дигитална вага
- При претрес во дом биле пронајдени марихуана и вага, по што било утврдено дека дрогата била наменета за препродажба
Куманово, 2 февруари 2026 (МИА) - СВР Куманово уапси две лица од Куманово и одзеде марихуана и дигитална вага. Полицијата утврдила дека ја поседувале и препродавале, соопшти денеска МВР.
- Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.К.(24) и Ј.С.(18), двајцата од Куманово. При претрес во домот кај М.К., извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По преземени дополнителни мерки било утврдено дека заеднички ја поседувале и препродавале дрогата, соопшти денеска МВР.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. ам/вј/
Фото: МВР