Приведени две лица во Тиквешијата поради агресивно однесување под дејство на алкохол
- Две лица во Тиквешијата биле приведени во текот на вчерашниот ден поради агресивно однесување под дејство на алкохол, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Неготино, 29 октомври 2025 (МИА) - Две лица во Тиквешијата биле приведени во текот на вчерашниот ден поради агресивно однесување под дејство на алкохол, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Во првиот случај, во 15:10 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го привеле Е.Ј., на возраст од 18 години од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејниот дом, агресивно се однесувал кон неговите родители.
-При преземање мерки, кај него биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР - Велес.
Во 15:55 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го приведоа О.Л., на возраст од 40 години од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
-При преземање мерки, кај него биле измерени 3,66 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, О.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР - Велес. свд/сст/
Фото МИА архива