Приведени двајца прилепчани при кражба во велешко село
- Б.Н. и А.С. биле задржани во полициска станица.

Скопје, 13 јануари 2024 (МИА) - Двајца прилепчани биле приведени при кражба во велешко село, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Синоќа во 22.30 часот во село Мартолци, полициски службеници од Одделение за крим полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Б.Н., на возраст од 33 години и А.С., на 31-годишна возраст, двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати од страна на полициски службеници при кражба во куќа во селото, наведуваат од МВР.
Б.Н. и А.С. биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/ев/
Фото: МИА архива