• четврток, 28 март 2024

Приведени двајца крадци од липковско

Приведени двајца крадци од липковско
Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 17:30 часот, ги лишиле од слобода А.С.(18) и Н.М.(19) двајцата од село Слупчане, липковско.
 
-Тие се сомничат дека на 28.02.2023 со употреба на сила влегле во продажен објект во село Романовце и одзеле повеќе предмети. А.С. и Н.М. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, се наведува во соопштението од МВР. дма/
 
Фото:МИА архива

Остани поврзан