• четврток, 11 јули 2024

Приведена кавадарчанка затекната при кражба

Приведена кавадарчанка затекната при кражба

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Во атар на кавадаречкото село Возарци, синоќа во 18.50 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Ј.Т.(60) од Кавадарци.

На место викано „Шамаците“ во атар на село Возарци, како што денеска информираа од МВР, таа била затекната при извршување кражба на имот на правно лице од Кавадарци.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ј.Т. била задржана во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан