• среда, 24 јули 2024

Приведена велешанка која украла пари од поранешниот партнер

Приведена велешанка  која украла пари од поранешниот партнер

Велес, 29 февруари 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес вчера во 10,30 часот  ја лишиле од слобода 43 годишната  Ц.Л. од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Според пријавеното, таа одземала пари од домот на 62 годишниот  С.Д. од Велес, со кој претходно била во врска.

Како што информираат од СВР Велес, таа е приведена во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. ад/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан