Претстојниот викенд прв Октомвриски коњички турнир и трето коло од Отвореното лига-првенство
- Во сабота на 2 октомври на терените во населба Дрма -Идризово, ќе се одржи првиот Октомвриски коњички турнир и 3.коло од Отвореното лига-првенство во прескокнување пречки.

Скопје, 30 септември 2021 (МИА) – Во сабота на 2 октомври на терените во населба Дрма -Идризово, ќе се одржи првиот Октомвриски коњички турнир и 3.коло од Отвореното лига-првенство во прескокнување пречки.
Натпреварувањето е во организација на Федерацијата за коњички спорт на РС Македонија и Коњичкиот клуб Анималс од Скопје.
На програмата се два натпревара во прескокнување со висина на пречките од 0,90 м до 1,20 м. зс/