Претставување и разговор со писателот Сунил Ман
- Во кафе-книжарницата „Буква“, вечер, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот организиран од Издавачката куќа „Готен“, ќе биде писателот Владимир Јанковски.
Скопје, 25 јули 2024 (МИА) -Во кафе-книжарницата „Буква“, вечер, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот организиран од Издавачката куќа „Готен“, ќе биде писателот Владимир Јанковски.
Сунил Ман (1972) е швајцарски писател кој пишува на германски јазик. Потекнува од семејство на доселеници од Индија. Студирал психологија и германски јазик. Почнува да објавува во 2001 година. Главно пишува криминалистички романи и раскази. Досега има објавено шест романи за возрасни, три романи за деца и четири збирки раскази. Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои наградата „Агата Кристи“ на фондацијата „С. Фишер“ и „Циришката награда за криминалистички роман“.
Сунил Ман е член на Здружението на швајцарски писатели на криминалистичка литература, Германско-швајцарскиот ПЕН центар и здружението „Про литерис“.
Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Сунил Ман во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“. вг/
Фото: ИК „Готен“