• петок, 22 ноември 2024

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за заштита на правото на контрацепција

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за заштита на правото на контрацепција
Вашингтон, 21 јули 2022 (МИА) - Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска изгласа нацрт-законот за заштита на пристапот до контрацепција како одговор на стравувањата дека Врховниот суд, кој неодамна го отфрли правото на абортус, исто така може да го доведе во прашање и правото на контрацепција. „За“ гласаа сите 220 демократски претставници и осум од 211 републиканци. Со 228 гласа „за“ и 195 „против“, предлог-законот оди на гласање во Сенатот, каде неговата судбина е неизвесна. Ако биде усвоен, правото на пристап до контрацепција ќе биде легислативно на федерално ниво и лекарите и фармацевтите ќе можат слободно да го препишуваат и издаваат. Според Институтот Гутмахер, група за правата на абортусот, 88 отсто од Американките во репродуктивна возраст, кои не сакаат да забременат користат контрацептивни средства. Врховниот суд на САД во јуни ја поништи пресудата о отфрли судот Ру против Вејд од 1973 година, според која жените имаат право на абортус врз основа на нивното уставно право на телесна приватност. Судијата на Врховниот суд Кларенс Томас, републиканец, кој беше назначен на таа позиција од поранешниот претседател Џорџ Х. В. Буш, во образложението на пресудата, посебно го повика Судот да ги отфрли пресудите Гризволд (право на контрацепција), Лоренс (право на истополова интимност) и Обергефел (право на истополови бракови). ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан