• петок, 20 декември 2024

Претставници на здружението „Нефрон“ ја посетија Универзитетската клиника за урологија

Претставници на здружението „Нефрон“  ја посетија Универзитетската клиника за урологија
Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) - Во рамки на активностите за одбележување на Европскиот ден на органодарителство претставници на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ денеска ја посетија Универзитетската Клиника за урологија каде се изведуваат трансплантациите на бубрези. -Претседателот на Нефрон Душко Ѓоргиев по повод Европскиот ден на органодарителство од името на сите трансплантирани пациенти и донори на органи на директорот на клиниката воедно и шеф на тимот за трансплантација проф.др Сашо Дохчев му врачи Плакета со благодарност за долгогодишната соработка и особен придонес во трансплантацијата на бубрези во Македонија, информираат од Здружението „Нефрон“. Во моментот на посетата на клиниката се хоспитализирани двајца пациенти со трансплантирани бубрези на возраст од 37 и 38 години. Трансплантациите им се извршени во текот на октомври на органодарителство на 12 и 26 октомври и двете во рамки на редовната програма за трансплантација на бубрези од жив сроден дарител. Претходно, во септември покрај редовните трансплантации од сроден дарител се направија и трансплантации од кадавер. Џ.А. (37) и Б.Б. (38) по операцијата се чувствуваат добро. Во следните денови ќе бидат пуштени на домашно лекување. Претходно и двајцата биле на дијализа. И во двата случаи донори на органи се нивните татковци на возраст од 65 и 60 години. Здружението „Нефрон“ им врачи благодарница „Донор-херој’’ на дарителите на органи за нивниот херојски чин со дарување орган да спасат живот. На трансплантираните лица им посакаа побрзо закрепнување и добро здравје во периодот кој следи. Претседателот на огранокот за трансплантирани Сашо Т. и Кирил Ј се дел од активиститите на здружението Нефрон кои се трансплантирани и одлично рехабилитирани и во оваа прилика ги посетија новотрансплантираните пациенти во знак на поддршка, несебично ги споделија со нив своите искуства, совети, охрабрување и добри желби, информираат од Здружението. На средбата со директорот и главната сестра на клиниката се разговарало и за можностите за зголемување на бројот и унапредување на трансплантациите. Бил извршен и увид на состојбата на Центарот за трансплантација на бубрези кој во моментов е надвор од функција и е констатирано дека неговото реновирање и проширување е неопходно и итно како основен предуслов за реализација на програмата за трансплантација. сст/лв/  

Остани поврзан