Претстава за антисемитизмот триумфираше на „Тони“ наградите
- Ова е уште една чест во долгата кариера на 85-годишниот британски драматург Том Стопард. Ова е петто „Тони“ признание за него, а тој ги работеше и сценаријата на оскаровските филмови „Бразил“ (1985) и „Вљубениот Шекспир“ (1998). „Леополдштат“ е едно од неговите „најинтимни“ дела... Имано, неговите баба и дедо починале во концентрациони логори.
Њујорк, 12 јуни 2023 (МИА) - „Леополдштад“ на Том Стопард, претстава за еврејско семејство и времето на Холокаустот ја освои американската театарска награда „Тони“ во најпрестижните категории на доделувањето во Њујорк.
Имено, пиесата освои четири награди, меѓу кои и за најдобра драма, што е уште една чест во долгата кариера на 85-годишниот британски драматург Том Стопард. Ова е петто „Тони“ признание за него, а тој ги работеше и сценаријата на оскаровските филмови „Бразил“ (1985) и „Вљубениот Шекспир“ (1998). „Леополдштат“ е едно од неговите „најинтимни“ дела... Имано, неговите баба и дедо починале во концентрациони логори.
Претставата ги доби и наградите за споредна машка улога - Брендон Урановиц, режисер - Патрик Марбер, како и за костимографија. Беше номинирана и за сценографија и за светло.
- Ме преплавија емоции кои чет-ботот не можеше да ги разбере!, се пошегува тој на сцената, на сметка на бумот на вештачката интелигенција, за којашто, нели, некои стравуваат дека ќе ја преземе уметничката креативност.
„Парада“, друго дело од областа на антисемитизмот, коешто раскажува за судењето и линчот на американски Евреин на почетокот на 20. век на американскиот југ, ја доби наградата за најдобар режисер.
„Тони“ за најдобар мјузикл - другата најпрестижна награда на вечерта, отиде во рацете на Кимберли Акимбо. Ова дело раскажува за тинејџерка која боледува од ретка болест поради којашто прерано старее.
Џоди Комер, позната од серијата „Убивајќи ја Ив“ ја доби наградата за најдобра глумица, за претставата „Прима фацие“. Претставата зборува за адвокатка која ги брани сексуалните престапници додека таа самата не се соочи со таков напад.
Од мај 2022. до мај 2023 година, со 40 нови продукции, театрите на Бродвеј привлекоа 12,2 милиони гледачи и остварија приходи од 1,5 милијарди долари. Во 2018. - 2019 година, Бродвеј привлече 14,7 милиони гледачи и донесе повеќе од 1,8 милијарди долари приход. си/
Фото: Википедија, постер на претставата.