• вторник, 03 септември 2024

Претседателот Пендаровски упати честитка до македонската параолимпијка која освои златен медал на Европското првенство

Претседателот Пендаровски упати честитка до македонската параолимпијка која освои златен медал на Европското првенство
Скопје, 17 март 2022 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова, која на Европското првенство во норвешкиот град Хамар, го освои златниот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол. Претседателот на својот фејсбук профил истакна дека македонската параолимпијка претставува инспирација за идните спортисти. -Златниот медал на Европското првенство во Норвешка на нашата најуспешна параолимпијка е огромен успех и инспирација за младите луѓе и идни спортисти во нашата татковина, стои во објавата. свс/ац/

Остани поврзан