• недела, 15 декември 2024

Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати се сретна со албанскиот амбасадор Фатос Река

Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати се сретна со албанскиот амбасадор Фатос Река
Скопје, 20 јануари 2021 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати денеска оствари средба со Фатос Река, амбасадор на Албанија во државава.
На средбата е презентирана уставната положба на Уставниот суд неговите надлежности, но и предизвиците со кои се соочува судот во нивното остварување.
-На крајот од средбата двете страни заклучија дека одличните односи помеѓу двете држави, се отсликани и во односите помеѓу уставните судови на Република Северна Македонија и Република Албанија и нивната соработка во меѓународните асоцијации во кои членуваат и чија меѓусебна соработка се планира во иднина да биде продлабочена, стои во соопштението од Уставниот суд.
На средбата  присуствуваа и судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари и генералниот секретар на Уставниот суд, Александар Лазов.ки/лв/

Остани поврзан