Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски на средба со Михај Бусујок, судија од Уставниот суд на Романија
- Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со Михај Бусујок, судија во Уставниот суд на Романија.
Скопје, 14 октомври 2025 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со Михај Бусујок, судија во Уставниот суд на Романија.
На средбата, како што информираат од Уставниот суд, се разговарало за актуелните предизвици со кои се соочуваат уставните судови на двете земји, како и за улогата на уставно-судската заштита во контекст на современите општествени и правни околности.
-Двете страни изразија подготвеност за продлабочување на меѓусебната соработка, преку размена на искуства, знаења и судска практика. Во тој контекст беше договорено во наредниот период да се интензивираат контактите помеѓу двата суда. Претседателот Костадиновски ја прифати поканата на претседателката на Уставниот суд на Романија, Елена-Симина Танасеску за официјална посета, која е планирано да се реализира во првата половина на 2026 година, велат од Уставниот суд. дма/вј/
Фото: Уставен суд