• недела, 22 декември 2024

Претседателот на Тунис ја продолжи суспензијата на Парламентот

Претседателот на Тунис ја продолжи суспензијата на Парламентот
Тунис, 24 август 2021 (МИА) - Претседателот на Тунис, Каис Саид денеска објави на Твитер дека е продолжена суспензијата на Парламентот, како и пратеничкиот имунитет. Тој наведе дека следните денови ќе се обрати до нацијата. Саид на 25 јули презеде серија вонредни мерки, го разреши премиерот Хичем Мечичи, ја презеде неговата функција и го суспендира Парламентот на 30 дена. Оттогаш отпушти десетици владини претставници, а неколку критичари на претседателот беа уапсени или се во домашен притвор. Саид, поранешен професор по право, тврдеше дека мерките се во согласност со Уставот, а неговите противници ги оценија како државен удар. ми/

Остани поврзан