Претседателот на ССК Трајан Ангелоски на прославата 105 години од основањето на Стопанска комора на Војводина
- Стопанската комора на Војводина прослави 105 години постоење и работа. На свеченоста која се одржа во Конгресниот центар на Новосадскиот саем присуствуваше делегација на Сојуз на стопански комори (ССК), предводена од претседателот Трајан Ангелоски.

Скопје, 2 февруари 2024 (МИА) - Стопанската комора на Војводина прослави 105 години постоење и работа. На свеченоста која се одржа во Конгресниот центар на Новосадскиот саем присуствуваше делегација на Сојуз на стопански комори (ССК), предводена од претседателот Трајан Ангелоски.
-Историјата е таа што докажува дека сме можеле да се обединиме низ вековите, бидејќи поединецот, колку и да е успешен, ја нема силата на обединета економија, изјави претседателот на Стопанската комора на Војводина Бошко Вучуревиќ.
Според Ангелоски, во текот на своето постоење ССК се изгради во етаблирана самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација, која застапува околу 20.000 деловни субјекти и во иднина ќе продолжи да гради поцврсти бизнис релации со регионот и на меѓународно ниво.
-Да бидеме глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст и економската стабилност на Македонија, партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење, истакна Ангелоски.
Ангелоски е и член на Генералниот Совет на Светската коморска федерација и единствен претставник на деловна мрежа од нашиот регион. Светската коморска федерација како тело на Интернационалната стопанска комора е единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите.Вмрежувањето е клучен сегмент во изградбата на меѓусекторска соработка и интернационализација на бизнисите.
На свеченоста беа доделени награди и признанија на најуспешните компании од областа на земјоделството, индустријата и услугите. мч/дма/
фото: ССК