• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Собранието Џафери се сретна со членовите на УО на Парламентарниот институт на Албанија

Претседателот на Собранието Џафери се сретна со членовите на УО на Парламентарниот институт на Албанија
Скопје, 8 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со членовите на Управниот одбор на Парламентарниот Институт од Република Албанија. Целта на ова студиска посета е да се добијат позитивни искуства како функционира Парламентарниот Институт во Собранието на Северна Македонија. Како што се наведува во соопштението од Собранието, Џафери ги информираше гостите дека Институтот е формиран пред 10 години и успешно изготвува компаративни анализи, статистики и истражувања за пратениците и собраниската служба. Претседателот се осврна на независноста на Собранието и тоа во три столба: буџетска независност, независна служба и независно внатрешно обезбедување. Во контекст на буџетската независност сега Собранието има право на независно одлучување кога е потребно ново вработување без да бара дозвола од Министерството за финансии (МФ) и од Министерството за информатичко општетсво и администрација (МИОА), додека фазите на селектирање да одат според процедурите од МИОА. Во однос на буџетот на Собранието, за кој претходно одлучуваше Владата и имаше право да го скрати без претходно консултирање со Собранието, сега, заради буџетската независност, доколку има потреба од кратење на буџетот прво Владата треба да побара писмена согласност од Собранието. Во однос на независноста на обезбедувањето на Собранието, Џафери се осврнал и на иницијалната фаза за осамостојување на обезбедувањето и ја подвлече неодамнешната студиска посета во Бундестагот, во насока на преземање на искуства од Германија. Тој ги информираше гостите и за новата дигитализирана сала во која се водат седниците и многу ја олеснува работата на самите пратеници и на службата, како и за новата интернет страница на Собранието и новиот Е - парламент. Етилда Ѓонај-претседателка на Управниот одбор на парламентарниот институт на Албанија се заблагодари за можноста да го посетат Парламентарниот институт во Собранието на Република Северна Македонија и лично да се запознаат со работата на Институтот и да споделат искуства со колегите. Претставниците од албанскиот Парламент искажаа позитивен став во однос на интеграцијата во ЕУ за Албанија и Северна Македонија. Соговорниците, како што се наведува, се согласија дека соработката е на високо ниво, но дека секогаш има простор и за продлабочување имајќи го предвид фактот дека сме блиску територијално и дека негуваме добри соседски односи. ев/лв/              

Остани поврзан