• среда, 18 декември 2024

Претседателот на Собранието Гаши се сретна со Бин Хамад Ал - Тани, вршител на работи на Државата Катар за РСМ

Претседателот на Собранието Гаши се сретна со Бин Хамад Ал - Тани, вршител на работи на Државата Катар за РСМ

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Бин Хамад Ал – Тани, вршител на работите на Државата Катар.

Гаши, како што се наведува во соопштението од Собранието, изразил големо задоволство од средбата и истакна дека очекува пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнуваат и унапредуваат.

- Собранието на Република Северна Македонија вложува многу во унапредувањето на меѓународната соработка, и тоа не само со земјите од регионот, туку и пошироко. Тој информираше дека Собранието има формирано Група за соработка со парламентите на земјите од Блискиот Исток и Арапскиот залив, се посочува во соопштението.

Иако Собранието на Државата Катар има консултативна улога, Гаши истакнал дека многу е важно како држави да градиме соработка и да имаме собраниска комуникација која се очекува во иднина да се интензивира.

Вршителот на работите на Државата Катар Бин Хамад Ал – Тани истакна дека постои голем интерес за инвестирање во Северна Македонија особено во секторот на туризмот. Тој изразил очекување соработката меѓу двете држави повторно да се обнови за да можат бизнис заедниците на двете земји поуспешно да соработуваат. Двајцата соговорници се согласија дека во иднина акцентот на билатералните односи меѓу двете држави треба да биде ставен на унапредување на економската соработка, особено на привлекување на катарски директни инвестиции и во таа насока особено ќе помогне обновувањето на директната авио линија на релација Доха-Скопје-Доха, се наведува во соопштението од Собранието. ев/са/

ФОТО: Собрание на РСМ

 

Остани поврзан