• сабота, 21 декември 2024

Претседателот на Европскиот совет , Шарл Мишел, „шокиран“ од пукањето во словачкиот премиер Фицо

Претседателот на Европскиот совет , Шарл Мишел, „шокиран“ од пукањето во словачкиот премиер Фицо

Брисел, 15 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека е „шокиран“ од пукањето и ранувањето на словачкиот премиер Роберт Фицо, јави ДПА.

„Шокиран сум од веста за нападот на словачкиот премиер Фицо по состанокот на словачкиот кабинет во Хандлова“, напиша Мишел на Х.

„Ништо никогаш не може да го оправда насилството или вакви напади“, додаде тој. „Моите мисли се со премиерот и неговото семејство“.

Мишел претседава со состаноците на Европскиот совет, кој е собрание на лидерите на 27 земји од Европската унија, меѓу кои редовно присуствува и Фицо, додава ДПА.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан