• понеделник, 23 декември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова го прими словенечкиот специјален пратеник за Западен Балкан, Анжеј Франгеш

Претседателката Сиљановска Давкова го прими словенечкиот специјален пратеник за Западен Балкан, Анжеј Франгеш

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Анжеј Франгеш, специјален пратеник за Западен Балкан на Република Словенија. На средбата беше изразено задоволство од одличните пријателски односи и соработка меѓу двете држави, со взаемна поддршка и почит.

Претседателката Сиљановска Давкова, информираат од нејзиниот кабинет, изрази благодарност за силната и отворена поддршка на Република Словенија за нашата земја на евроинтегративниот пат и оцени дека со назначувањето на специјален пратеник за Западен Балкан, Словенија ја потврдува својата силна посветеност на процесот на интеграција на нашиот регион во Европската Унија.

На средбата се разговараше за текот на реформскиот процес по формирањето на новата влада. Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова оцени дека формирањето на Министерството за европски прашања е чекор што ја демонстрира посветеноста на нашата држава за европската агенда.

Таа изрази очекување за продолжување на словенечката поддршка во исполнувањето на македонските стратешки определби. вј/нд/

Фото: Кабинет на претседателот

Остани поврзан