• недела, 22 декември 2024

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги примила акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, претседателката на церемонијата на предавање на акредитивните писма изразила задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка во сите области од заемен интерес.

-Искрено се надевам дека со Вашиот ангажман ќе продолжиме заеднички и со заемна волја и посветеност да ја интензивираме соработката, со посебен акцент на економската и надворешно-трговската соработка, туризмот и промовирањето на заедничките активности и проекти кои се во интерес на двете земји и нашиот регион, истакнала претседателката Сиљановска-Давкова, додавајќи дека очекува соработка и поддршка во реализацијата на националните, регионалните и меѓународните иницијативи и проекти.

Во своето обраќање на церемонијата, амбасадорот Миљаниќ изразил желба за продолжување на развивањето и зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

-Претседателката Сиљановска-Давкова на амбасадорот Зоран Миљаниќ му посака успех во извршувањето на одговорната функција, се наведува во соопштението. хс/aa/

Фото: Кабинет на Претседател на Северна Македонија 

 

Остани поврзан