• недела, 22 декември 2024

Претседателката на Советот на јавни обвинители смета дека треба да има индивидуална, а не колективна одговорност

Претседателката на Советот на јавни обвинители смета дека треба да има индивидуална, а не колективна одговорност

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска по најавите на власта за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители смета дека треба да има индивидуална, а не колективна одговорност. 

- Во секој случај може да предизвика штета со оглед на тоа што институциите мора да го имаат својот континуитет, мора да се работи на подобрување на законските решенија онаку каде што се гледа дека има одредени проблеми. Меѓутоа, колективна одговорност, не може да има. Одговорноста мора да биде индивидуална со посочување на оние чинители кои се огрешиле пред законот, вели Димитриевска.

Во средата и претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во изјава за медиумите рече дека не ја поддржува тезата за колективна одговорност. Одговорноста, вели Дамева, треба да биде детектирана и санкционирана индивидуално. 

– Секоја одговорност има име и презиме, нека се детектира и секој нека си сноси индивидуална санкција, ако нешто сторил противзаконски, го нарушил угледот и интегритетот на Судскиот совет, донел одлука под влијание на разни емоции и слично, рече Дамева во изјава за медиумите дадена по конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет. бак/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан