• сабота, 23 ноември 2024

Претрес во Kичевско, приведено лице за недозволено поседување оружје

Претрес во Kичевско, приведено лице за недозволено поседување оружје
Скопје, 6 април 2021 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Кичево денеска во 13.30 во кичевското село Букојчани, го лишиле од слобода Џ.Ј.(54) од село Букојчани зато што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „ИЗ 18“ од руско производство, која ја поседувал без дозвола. Како што информираа од МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик, за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.  цр/скс/

Остани поврзан