• сабота, 12 октомври 2024

Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведен дилер

Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведен дилер

Скопје, 12 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Штип вчера го лишиле од слобода М.Ж.(41) од Штип, затоа што при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја, како и различни видови таблети.

Како што соопштија од МВР, при претрес во неговиот дом и помошни простории на две локации во Штип, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од  бела прашкаста материја, различни видови таблети, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во неговото возило „цитроен“ била пронајдена и одземена  бела грутчеста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријва. бт/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан