• сабота, 23 ноември 2024

Претрес во кичевско, пронајдени пушки и муниција

Претрес во кичевско, пронајдени пушки и муниција

Скопје, 17 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во 16:00 часот го лишиле од слобода Ќ.Г.(57) од село Осој.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом во село Осој, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден ловечки карабин „ЦЗ“, една ловечка пушка, 67 куршуми различен калибар, направа за изработка на патрони, две кутии со метални кугли, 62 парчиња иницијални каписли, ќеса со метални сачми, ќеса со хартиени тапи и две ќеси со зрнеста материја.

Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан