Претрес во велешко, приведен крадец
- Полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес, синоќа во 23.45 часот, го лишиле од слобода А.Н.(42) од велешкото село Сојаклари.
Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес, синоќа во 23.45 часот, го лишиле од слобода А.Н.(42) од велешкото село Сојаклари.
Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека ги одзел од фирма во Велес во која бил вработен.
-Одземеното било вратено на сопственикот, а А.Н. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението. дма/лв/
Фото: МИА архива