Претрес во Битола, пронајдена дрога,едно лице лишено од слобода
- Во Битола вчера во 16.15 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.Г.(38) од Битола, соопштија денеска од МВР.

Скопје, 16 април 2025 (МИА) - Во Битола вчера во 16.15 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.Г.(38) од Битола, соопштија денеска од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
В.Г. е приведен во Полициската станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/нд/
Фото: МИА архива