Пронајдена дрога во Битола, две лица лишени од слобода
- При претрес во домот на И.Н., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, при претрес во домот на И..Ч., извршен, исто така, со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана, соопшти денеска МВР.

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните И.Н.(28) и И.Ч.(24).
-При претрес во домот на И.Н., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, при претрес во домот на И..Ч., извршен, исто така, со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана, соопшти денеска МВР.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/бак/
Фото: МИА архива