• петок, 17 мај 2024

Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец

Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец
Скопје, 14 јануари 2022 (МИА) - Утрото ќе биде многу студено, преку денот претежно сончево, на североистокот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 8 степени. До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег.

Остани поврзан