• недела, 01 февруари 2026
Претежно сончево и тивко
Скопје, 25 февруари 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал -6 до 1, а максималната од 11 до 18 степени. Во Скопје, претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 15 степени. Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота попладне ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег, каде ќе се формира снежна покривка. Врнежите ќе бидат пообилни во недела, кога ќе дува засилен североисточен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан