• недела, 22 декември 2024

Пресуда за „Топлик“

Пресуда за „Топлик“
Скопје, 5 април 2022 (МИА) - Во Основниот Кривичен суд - Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Топлик“ во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. За злоупотреба на службената положба и овластувања, обвинети се уште пет лица од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања. Предметот кој беше отворен од поранешното СЈО се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на населбата „Сончев град“ во Сопиште. Според обвинението, првоосомничен е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.  Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителот Бурим Рустеми. ар/са/

Остани поврзан