Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Тетово од НАИ Реџепи
- Сe наоѓаме на прагот на локалните избори. Овие избори се многу важни за нас, за нашите деца, за нашите родители. Ова се избори од кои зависи нашата иднина. Сите заедно можеме да наброиме уште многу причини зошто овие избори се толку важни. Но, она што денес сакам да господелам како загриженост е многу болно.
Тетово, 4 октомври 2025 - Кандидатот за за градоначалник на НАИ- АКI Бајрам Реџепи, денеска одржа прес-конфереција која МИА ја пренесува интегрално:
„Сe наоѓаме на прагот на локалните избори. Овие избори се многу важни за нас, за нашите деца, за нашите родители. Ова се избори од кои зависи нашата иднина. Сите заедно можеме да наброиме уште многу причини зошто овие избори се толку важни. Но, она што денес сакам да господелам како загриженост е многу болно.
Денес сум овде пред вас за да упатам еден повик,
Мои ценети сограѓани,
Знам дека не се продавате. Знам дека не се купувате. Убеден сум дека нема пари кои можат да го купат нашето достоинство, нашите деца, нашите сестри и мајки! Убеден сум дека дури и оние кои се обидуваат да ви понудат пари, нови договори за работа или финансиски да ве примамат, немаат лесна задача. Затоа што тетовчанецот не се купува, гласот на тетовчанецот не се продава и тетовчанецот не се понижува за една шака пари.
Но, зошто тогаш го прават овој толку голем и непростлив грев? Дали се во мака за самите себе, или можеби нешто уште полошо? Дали градоначалникот во заминување ги уценува?
Од овде сакам да им упатам повик на неколку компании, кои сите добро ги знаеме, иако денес нема да ги спомнам по име – да размислат додека не е доцна!
Не влегувајте во валкани игри. Не станувајте алатка на една мала група криминалци. Не играјте со достоинството на вашите предци и вашите потомци. Животот не започнува и не завршува со овие локални избори. Ние ќе продолжиме да живееме заедно во овој град и ќе си се гледаме во очи уште многу пати.
Ова денес е прв и последен пат што ви се обраќам за оваа тема на ваков начин. Од денес па натаму, ако продолжите со оваа валкана игра, ве уверувам дека ќе ве демаскираме целосно.
Уште денес, затоа што утре ќе биде предоцна, размислете, рефлектирајтеи кратко и јасно: не влегувајте во вакви авантури, бидејќи во спротивно ќе се посрамите пред самите себе, пред вашите деца, и ќе одговарате пред законот. “
ФОТО: Архива