Пренџов: Димовски од АНБ не дојде на собраниска комисија, од денот на поднесување на документи за државјанство до денес Онишченко е на црна листа на САД
- Денес се одржа седница на комисијата за надзор над работата на АНБ и АР. Директорот Димовски не присуствуваше поради предходно договорено патување во странство. Седницата ќе продолжи во пето

Скопје, 16 ноември 2022
Денес се одржа седница на комисијата за надзор над работата на АНБ и АР. Директорот Димовски не присуствуваше поради предходно договорено патување во странство.
Седницата ќе продолжи во петок, (со присуство и на директорот на АНБ)со почеток во 12 часот. Јавноста ја интересираат одговорите и коментарите од страна на Димовски за следниве прашања:
1. Дали АНБ знаела дека А. Онишченко од денот кога ги поднел документите за македонско државјанство до денешен ден е на црната листа на САД.
2. Дали АНБ добила информација дека Онишченко е осомничен за криминал и перење пари во вредност од над 100М€ во својата матична држава Украина.
3. Истиот бил и пратеник во Украина но тамошното Собрание му го одзело мандатот.
4. До ден денешен е лице кое се бара и има распишано потерница по него од страна на Украина.
5. Господинот исто така има и руско државјанство.
6. Како АНБ констатирала дека има “чисто досие”?
Фејсбук-статус на Љупчо Пренџов, пратеник
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.