• петок, 06 март 2026

Премиерна победа на Италијанката Пировано

Премиерна победа на Италијанката Пировано

 

Вал ди Фази, 6 март 2026 (МИА) – Италијанката Лаура Пировано ја оствари својата прва победа во Светскиот куп во алпско скијање, откако денеска триумфираше на спустот во италијанскиот зимски центар Вал ди Фази.

Пировано беше за една стотинка побрза од второпласираната Германка Ема Ајхер и за 29 стотинки побрза од актуелната олимписка шампионка во спуст, Американката Бризи Џонсон,

Најдобриот резултат на Пировано претходно оваа сезона беше четвртото место во спуст во австриски Заухензе, на почетокот на јануари, а на Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо заврши петта во супервелеслаом и шеста во спустот.

Американката Линдзи Вон, која се здоби со сериозна повреда на Зимските олимписки, останува лидер во пласманот во спустот со 400 бодови, пред Ајхер (386) и Пировано (336).

Американката Микаела Шифрин води во генералниот пласман со 1.133 бодови, Ајхер (994).

Денешниот спуст од Вал ди Фози требаше да се одржи во Кран-Монтана на крајот на јануари, но беше одложен поради лошите временски услови. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан