• недела, 22 декември 2024

Премиерлигашите на итен состанок изразија незадоволство од купувањето на Њукасл од инвеститори од Саудиска Арабија

Премиерлигашите на итен состанок изразија незадоволство од купувањето на Њукасл од инвеститори од Саудиска Арабија
Лондон, 13 октомври 2021 (МИА) - Клубовите од англиската Премиер лигата одржаа итен состанок за да разговараат за купувањето на Њукасл од страна на Фондот за јавни инвестиции на Владата на Саудиска Арабија (ПИФ), објави „Дејли мејл“. Според британскиот медиум, премиерлигашите се противат на договорот. Манчестер јунајтед, Тотенхем и Евертон протестираа најмногу против купувањето на Њукасл. Незадоволството на клубовите е предизвикано од фактот дека лигата ќе има нов сериозен кандидат за место во зоната на Лигата на шампионите. Да потсетиме, инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија се согласи да го купи Њукасл за 300 милиони фунти. Претходно, сопственик на клубот беше бизнисменот Мајк Ешли. зс/

Остани поврзан