Премиера на претставата „Кармен“ во режија на Дејан Пројковски во Драмски театар
- Во НУ Драмски театар Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Кармен“ во режија на Дејан Пројковски, работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ на Мигел Делибес.

Скопје, 21 мај 2021 (МИА) - Во НУ Драмски театар Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Кармен“ во режија на Дејан Пројковски, работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ на Мигел Делибес.
Претставата „Кармен“ е монодрама на актерката Биљана Драгиќевиќ – Пројковска.
-Преку внатрешниот дијалог на жена во криза - Кармен, нејзиниот протагонист – Делибес, открил најголем дел од постојаните политички и социјални тензии во тоа време во Шпанија. Не залудно неговото ремек дело Пет часа со Марио спаѓа во рамките на неговата листа на „сто најдобри романи на дваесеттиот век“, стои во информацијата за премиерата.