Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан
- Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Петар Пан“ на драмското студио „Миладин“.

Струга, 13 мај 2023 (МИА) - Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Петар Пан“ на драмското студио „Миладин“.
Режијата е на Ристе Миладинов, а улогите ги толкуваат Дафина Дејкоска, Даниел Спироски, Ива Шајноска, Емилија Спасеска...
Влезниците за претставата се 100 денари, а средствата ќе бидат донирани за лекување на Бојан, кој се наоѓа на лекување во Рим.
- За нас 100 денари не значат ништо, но кога ќе се собереме сите заедно, ќе значат многу во борбата на Бојан со болеста. Затоа ве повикуваме да дојдете и вие и за придонесете, заеднички да ја добиеме оваа борба на нашиот Бојан, апелира драмското студио „Миладин“. сс/мч/