• петок, 22 ноември 2024

Премиера на монодрамата „Инсомнија“, прва продукција на струшкиот Центар за култура

Премиера на монодрамата „Инсомнија“, прва продукција на струшкиот Центар за култура

Струга, 5 декември 2023 (МИА) – Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга утре премиерно ќе биде изведена монодрамата „Инсомнија“, по текст на стружанецот Димитрие Дурацовски, а во режија Мирослав Петковиќ.

„Инсомнија“ е прва професионална претстава во продукција на струшкиот Центар за култура, информира директорката Николина Велкоска Глигороска.

- Идејата беше на режисерот Мирослав Петковиќ и неговиот тим од актерката, драматурзи, сценографи и костимографи, а беше прифатена од страна на Центарот за култура. Навистина е ретка можност публиката да ја проследи оваа монодрама, бидејќи станува збор за прва професионална претстава во продукција на нашата установа, изјави Велкосла Глигороска за МИА.

Во монодрамата игра Александра Пешевска, а сценограф и костимограф е Билјана Гулеска. Асистент на режија Мишо Димитриевски – Шипе, инспициент Бојан Секулоски, музиката е на Томислав Темелкоски, драматургија: Јаков Попоски, Ѓорги Крстески, Ненад Јолдески.

- „Инсомнија“ од Димитрие Дурацовски е книга која доколку ви падне во рацете нема да останете сиромашни со знаење и пред сè со инспирација. Претставата инспирирана од истоимениот роман, е мој, личен, порив да се соочам со своето животното искуство до сега. Мое највозбудливо соочување пред сè затоа што се искажува преку мислата на Димитрие Дурацовски, вели режисерот Петковиќ.

Монодрамата „Инсомнија“ се реализира со финансиска поддршка од Министерство за култура. сс/ир

 

Фото: Центар за култура - Струга, веб-страница на „Фејсбук“

Остани поврзан