Прекин на водоснабдувањето на „Партизанска“
- Корисниците на дел од булеварот „Партизански одреди“, односно зградите спроти ТЦ „Лептокарија“, денеска ќе имаат прекин на водоснабдувањето.

Скопје, 4 март 2021 (МИА) - Корисниците на дел од булеварот „Партизански одреди“, односно зградите спроти ТЦ „Лептокарија“, денеска ќе имаат прекин на водоснабдувањето.
-Поради најавениот дефект на шибер ф-300 мм на „Лондонска“/„Партизански одреди“, поради технички причини освен корисниците на дел од „Лондонска“, со прекинато водоснабдување ќе бидат и корисниците на дел од бул.„Партизански одреди“ (зградите спроти Лептокарија), информираат од ЈП Водовод и канализација.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:40 часот до завршување со активностите. свс/дма/