Прекинати сите летови на аеродромот во Хамбург поради закана од напад на авионот што пристигна од Техеран
- Сите летови на аеродромот во Хамбург денеска се прекинати поради закана од напад на авионот што пристигна од Техеран, соопшти портпаролката на аеродромот.

Хамбург, 9 октомври 2023 (МИА) - Сите летови на аеродромот во Хамбург денеска се прекинати поради закана од напад на авионот што пристигна од Техеран, соопшти портпаролката на аеродромот.
Сите 198 патници и 16 членови на екипажот го напуштиле авионот и биле подложени на безбедносна проверка во посебен простор, соопшти полицијата.
Авионот слета во Хамбург во 12:20 часот.
Полицијата добила заканувачки мејл за тој лет, изјави полицискиот портпарол, додавајќи дека заканата се сфаќа сериозно. паг/
Фото: МИА архива