• среда, 13 ноември 2024

Прекинатиот натпревар Чаир – МЗТ Скопје Аеродром ќе се доигра без публика

Прекинатиот натпревар Чаир – МЗТ Скопје Аеродром ќе се доигра без публика

 

Скопје, 15 март 2024 (МИА) – Дуелот од Првата македонска кошаркарска лига меѓу Чаир 2030 и МЗТ Скопје Аеродром, кој беше прекинат вчера поради вербачен напад врз гостински кошаркар од службено лице на домашниот тим, ќе се доигра во празна сала, со време и резултат од моментот на прекинот, одлучи денеска комесарот за натпревари на КФСМ.

Натпреварот во салата во Чаир во рамки на 20-то прволигашко коло беше прекинат на полувреме при резултат 44-42 за актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Поради слаба организација на натпреварот, домашниот тим Чаир е казнат со 40.000 денари, а на техничкиот директор на клубот Алајдин Мустафа му е изречена парична казна во износ од 20.000 денари, како и забрана за вршење на должноста до крајот на тековната сезона.

Воедно, поради предизвикување прекин подолг од 15 минути, на МЗТ Скопје Аеродром му е изречена парична казна од 30.000 денари. ег ФОТО: КФСМ

Остани поврзан