• сабота, 06 јули 2024

Презентиран Прирачник за развој на вештини за вработување на младите карпошани

Презентиран Прирачник за развој на вештини за вработување на младите карпошани

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Претставници од невладината организација ТАКТ денеска во просториите на гимназијата „Никола Карев“ во Карпош 3, одржаа низа работилници со ученици од различни возрасни групи, при што го презентираа и прирачникот кој е креиран за потребите на проектот „Млади и вработување – Развој на вештини за вработување на младите во општина Карпош“, информираат од Општина Карпош.

Оттаму појаснуваат дека станува збор за проект којшто го реализира невладината ТАКТ со поддршка на Општина Карпош, а тој има за цел да ги едуцира младите карпошани да развијат стручни вештини, кои потоа ќе им помогнат при процесот на вработување.

-Вредно за напоменување е дека овој проект е особено фокусиран кон младите карпошани кои се припадници на одредени маргинализирани групи, а исто така е насочен кон развојот на вештини на младите девојки кои живеат во Карпош. Наскоро, прирачникот ќе биде достапен на официјалната веб страница на невладината ТАКТ, како и на нивните профили на социјалните мрежи, се вели во денешното соопштение од Општина Карпош. сст/дма/

фото Општина Карпош

 

Остани поврзан