Презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци
- Централниот настан за презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци ќе се одржи денеска со почеток од 11 часот во хотел Белви во Скопје, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Скопје, 15 март 2023 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Скопје ќе ги презентира новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци.
Настанот е во рамки на теренската информативна кампања на Министерството за запознавање на земјоделците со новите мерки, а е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.
На настанот ќе се обрати министерот Љупчо Николовски. ар/лв/