• четврток, 04 декември 2025

Презентација на дигитална платформа „ONE STOP DIGITAL“ за микро, мали и средни препријатија

Презентација на дигитална платформа „ONE STOP DIGITAL“ за микро, мали и средни препријатија

Скопје, 16 јуни 2025 (МИА) - Во Стопанската комора денеска ќе се одржи презентација на дигиталната платформа за ММСП, „ONE STOP DIGITAL“, наменета за микро, мали и средни препријатија, како еден центар за информации и поедноставена комуникација, со што преку мобилна апликација овие компании ќе имаат брза достапност во дигитална форма на сите коморски услуги. 

Дигиталната платформа со мобилна апликација е изработена со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во насока продолжување на економската транзиција на одржливи мали и средни претпријатија и развивање одржлива инфраструктура на деловни советодавни услуги.

Презентацијата ја организира Центарот за микро, мали и средни претпријатија при Стропанската комора.лв/са/

фото:МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан