• вторник, 24 декември 2024

Презентација на „Анализа на е-услугите во општините во Република Северна Македонија во 2023“

Презентација на „Анализа на е-услугите во општините во Република Северна Македонија во 2023“

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Општините се далеку од процес на нивна дигитализација и дигитална трансформација, е еден од заклучоците во „Анализата на е-услугите во општините во Република Северна Македонија во 2023“, изработена од Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, која ќе биде презентирана денеска, со почеток во 12.00 часот, во Јавна соба. 

Од „Метаморфозис“ посочуваат дека анализата на е-услугите опфаќа квалитет на услугите, задоволството на корисниците, достапноста на локално ниво и јазот помеѓу актуелната понуда и фактичката побарувачка.

За таа цел, општинските е-услуги се анализирани од аспект на три категории на функционалност: (1) транспарентност и отчетност; (2) комуникација, и (3) одобренија, дозволи и други услуги.

- Општините во Северна Македонија се далеку од процес на нивна дигитализација и дигитална трансформација, односно тие сè уште се наоѓаат во фаза на автоматизација и развој на електронски услуги на локално ниво. Унапредување (од 2021) во користење отворени податоци е трипати поголемо, но помалку од 40 отсто од сите општини им нудат на своите граѓани податочни сетови со отворен формат. Многу мал дел од општините го слушаат гласот на граѓаните при изборот на идна понуда на нови општински е-услуги, велат од „Метаморфозис“. ир/са/

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан