• четврток, 19 декември 2024

Пред утрешниот празник дебарските комуналци темелно го исчистија градот

Пред утрешниот празник дебарските комуналци темелно го исчистија градот

Дебар, 9 април 2024 (МИА) - Вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард" деновиве максимално беа ангажирани во чистење на градот Дебар.
 
- По расчистувањето на дивите депонии, што редовно го правиме, потоа заостанатиот отпад на улиците и тротоарите, синоќа завршивме со миењето на улиците а денеска и дворовите на џамиите. Нашите работници максимално беа ангажирани во реализација на овие активностите со цел да имаме што почист град пред утрешниот празник, изјави за МИА, директорот на ЈКП „Стандард", Бурим Каба.
 
Вакви акции се спроведуваат редовно, но посебно пред верски и други празници, во кои се опфаќаат и поголемите селски населени места.

Во исто време Каба преку МИА,  упати честитки по повод Разан (Фитер) Бајрам, чие тридневна одбележување почнува утре и празникот Велигден, кој се одбележува на 5 мај.


- До жителите на општината, до дебрани каде и да се и до сите верници во светот, од свое и од име на вработените упатувам искрени честитки по повод  големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, со желби за здравје, среќа, хармонија и благосостојба. Иако празникот е подоцна упатувам искрени честитки, со истите желби и по повод големиот празник Христовото воскресение Велигден, посака Каба. вт/сст/


Фото: МИА/ ЈКП"Стандард"

Остани поврзан