Предлогот на Силва и Вархеји за Скопје добра основа, Софија бара гаранции за целосно исполнување на Договорот за добрососедство
- За Скопје добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со ЕУ кое не задира во македонските идентитетски прашања, се предлог решенијата кои вчера ги презентираа шефот на



На средбата се разговараше за можностите за напредок на С Македонија во евроинтеграциите, во пресрет на одржувањето на Советот на ЕУ следниот месец. Пендаровски и Силва разменија информации и мислења за билатералните прашања врзани со добрососедските односи, во контекст на надминување на проблемите со Бугарија, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Шефот на португалската дипломатија, пак, рече дека целта е Скопје и Тирана да ги почнат преговорите за време на португалското претседателство со ЕУ. -Навистина е мошне важно да се разговара лице в лице особено за вакви работи. Тоа се важни и клучни средби за дипломатската работа. Имавме навистина плодна работна средба и таа ни даде увид во позициите во интересите и во ставовите на Северна Македонија, а сметаме дека тоа ќе ни помогне во нашата работа со претседателствувањето, рече Силва во Скопје.
-Во тек е како што знаете португалското претседателство со ЕУ, и еден од на најважните процеси којшто е приоритетен за нас, секако е проширувањето. Тоа е навистина битно прашање за нас и во моментов имаме два тековни процеси и сме во очекување да ги одржиме првите меѓувладини конференции со С Македонија и Албанија, рече Силва.
Силва истакна оти очекува извесно унапредување и, како што рече, се надева дека ќе се успее да се подобри преговарачката рамка која што се однесува на Северна Македонија и на Албанија.
-Секако нашата цел во текот на нашето претседателство со Советот на ЕУ е да добиеме согласност од сите земји членки на ЕУ, за да ја започнеме преговарачката рамка со Република Северна Македонија и со Албанија, и да ја одржиме првата меѓувладина конференција и со двете земји, рече тој, додавајќи оти за нив било од голема важност да одржат политички консултации и во Скопје со македонските власти.



