• петок, 22 ноември 2024

Предадени во употреба две модуларни училишта во општина Кичево

Предадени во употреба две модуларни училишта во општина Кичево

Кичево, 18 февруари 2022 (МИА) - Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари денеска го предадоа во употреба новоизграденото модуларно училиште во село Брждани. Тоа е едно од двете училишта од овој тип изградени во општината со помош на Американската амбасада во земјава, која за овие училишта издвои 14.000 долари.

-Едукацијата е многу  важен елемент за сите националности што живеат во земјава. Се работи за децата да бидат слободни и да учат слободно.Овој објект е добар за иднината  и им благодарам на сите кои се погрижија за да се изгради ова модуларно училиште, како и на учениците што подготвија убава програма, изјави амбасадорката Брнз и му се заблагодари на градоначалникот Дехари за соработката.

Наведе дека Кичево е важно место во земјава, изрази задоволство што тука инвестирале и им обезбедиле добра иднина на децата  и најави дека и понатаму ќе соработува со градоначаникот Дехари и ќе реализираат нови големи проекти во општината.

Градоначалникот Дехари посочи дека имаат одлична соработка со сите американски амбасадори во земјава. -Задоволство е што со нас е американската амбасадорка за да ги предадеме во употреба двете модуларни училишта „Наим Фрашери“ и„ Христо Узунов“ , кои ги финансираше Американската амбасада во земјава, со што ќе ги подобриме условите за образование на децата во нашата општина, рече Дехари. за/мд/

Остани поврзан