Преговорите меѓу Русија и Украина почнуваат утре во 9:30 часот
- Преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул ќе започнат утре во 9:30 часот, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател.

Истанбул, 28 март 2022 (МИА) - Преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул ќе започнат утре во 9:30 часот, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател.
Според соопштението, преговорите ќе се водат во Палатата Долмабахче.
„Средбата ќе се одржи зад затворени врати“, се додава во соопштението. аа/