Прегазено четиригодишно дете во Струмица, возачот побегнал
- Вечерва околу 18:00 часот на улицата „Никола Тесла“ во Струмица прегазено е четиригодишно дете, а возачот на автомобилот побегнал.

Струмица, 28 април 2020 (МИА) - Вечерва околу 18:00 часот на улицата „Никола Тесла“ во Струмица прегазено е четиригодишно дете, а возачот на автомобилот побегнал.
Настанот го потврдија од струмичката полиција од каде информираа дека детето со тешки телесни повреди по приемот во Медицинскиот центар во Струмица е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.
На местото на несреќата извршен е увид од страна на полицијата и јавен обвинител. рт/ац/